Лиснати Кифли - полжавчиња
Состојки
- 200 мл млеко (млако)
- 100 мл масло за готвење
- пола коцка квасец
- 1 мала лажица шеќер
- 2 мали лажици сол
- 1 јајце
- околу 500 гр Брашно
- за премачкување - маргарин(по потреба)
- малку млеко и сусам
Подготовка
Вкусни, декоративни лиснати полжавчиња.
1. Најпрво го активираме квасецот со шеќерот, 1 лажица од брашното и малку млако млеко.
2. Потоа се додаваат останатите состојки, од кои брашното на крај. Замесуваме меко и нелепливо тесто.
3. Го оставаме да стаса.
4. Потоа го делиме на 2 дела, од кои расукуваме правоаголна кора. Кората ја премачкуваме со омекнат маргарин.
5. Сечеме ленти, и секоја лента ја замоткуваме како ролат.
6. Потоа сите добиени кифлички ги мачкаме од страните со помош на силиконска четка брцната во млеко,па ги увалуваме во сусам.
7. Ги редиме во плех врз хартија за печење, ги покриваме и ги оставаме да стасаат.
8. Пред печење им ставаме по едно парче маргарин одозгора.
9. Ги печеме во загреана рерна на 220 степени.