Испечати

Посни цвет- кифли со маслинки

Посни цвет- кифли со маслинки

Состојки

  • 350 мл вода(млака)
  • 1 коцка Квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 2 големи лажици масло за готвење
  • 2 мали лажички сол
  • околу 650 гр брашно
  • 75гр маргарин - омекнат
  • по потреба сусам, маслинки

Подготовка

Меѓу другите, еве и од мене еден рецепт за посни кифли.

1. Во млаката вода се додаваат состојките по следниот редослед - квасец, шеќер, масло, сол. На крај го додаваме постепено брашното (просеано) и месиме до добивање нелепливо тесто.
2. Сега го додаваме омекнатиот маргарин, месиме додека да се упие убаво во тестото. Ќе добиеме меко и еластично тесто.
3. Тестото го покриваме со стреч фолија и го оставаме да стаса.
4. Од стасаното тесто формираме топчиња со големина од 50гр (или по желба-колку сакате да ви бидат големи кифлите)
5. Од секое топче формираме цвет (видете дополнителни слики)
6. Формираните кифли ги редиме во тава, врз која имаме ставено хартија за печење, покријте ги со чаршафче за да не се сушат и оставете ги да стасаат.
7. Доколку сакате да ставите сусам, секоја кифла премачкајте ја со силиконска четка натопена во вода, па наросете сусам. Може да се направат и без сусам, во тој случај не ги премачкуваме со ништо.
8. Во средината на секоја кифла-цвет ставете пола маслинка со пиперка.
9. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени додека да поруменат.

На здравје!