Испечати

Интегрални вафли со банана

Интегрални вафли со банана

Состојки

  • Состојки
  • 2 јајца
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица таан
  • 1 лажичка цимет
  • 250 мл млеко
  • 2 лажици стопен путер
  • 3 лажици овесни снегулки
  • 10 лажици интегрално брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1 позрела банана
  • Потребен е и зејтин за подмачкување на калапите

Подготовка

Вкусна и поздрава варијанта на вафли.
1. Се матат јајцата кратко со миксер. Се додава медот, таанот, циметот, стопениот путер и изгмечената со вилушка банана. Се мати кратко.
2. Кон ова се додава млекото,овесните снегулки, брашното и пецивото. Се мати и се остава смесата да одмори околу 10 минути.
3.Се загрева апаратчето за вафли и се премачкуваат калапите. Јас со зејтин ги премачкав само еднаш, немаше потреба повеќе. Се истура од смесата за вафли во калапчињата и се печат околу 4 минути.
За кратко време добивате вкусен појадок или десерт. Можат да се комбинираат со мед, џем, јаворов сируп.