Испечати

Тава со праз месо и компир во бешамел сос

Тава со праз месо и компир во бешамел сос

Состојки

  • 300 гр пилешки стек
  • 2 страка праз
  • 4 компири
  • За бешамел сос
  • 3 лажици брашно
  • 50 гр путер
  • 500 мл млеко
  • 300 гр кашкавал по избор

Подготовка

1. Пилешкиот стек го сечете на коцки и го ставете да се пржи, па потоа додајте ситно сечен праз и пржете заедно. Во тавата додадете компири сечени на коцки, додајте и една чаша вода, посолете и додајте зачини, покријте со капак и оставете да се динста околу 20 минути. Додека се динстаат состојките, ќе направиме бешамел сос.

2. Во тава ставете путер да се стопи, ставете брашно, измешајте и додајте млеко, мешајте со маталка да не се направат грутки.

3. Во тавата со месото истурете го бешамел сосот и се убаво промешајте. Оставете да покрчка со сос уште 10 минути. Наредете со кашкавал и ставете ја тавата повторно во рерна да се стопи кашкавалот.

Добар апетит!