Испечати

Потпечени макарони со бешамел, праз, брокула и пилешко

Потпечени макарони со бешамел, праз, брокула и пилешко

Состојки

  • 2 парчиња пилешки стек
  • 1 пакетче тестенини
  • Бешамел
  • 3 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • 2 чаши млеко
  • 100 г рендан гауда кашкавал
  • сол и црн бибер по вкус
  • За мешавината од зеленчук
  • 2 страка праз исечкан и иситнет
  • 1 исечкан морков
  • 1 помал цвет брокула раскинат на мали цветчиња
  • 4 чешниња сечкан лук
  • маслиново масло, сол и црн бибер
  • За декорација
  • 50 гр рендан гауда кашкавал

Подготовка

Тестенините подготвени на овој начин се едни од најдобрите што сум ги пробала во животот. Не можам да објаснам колку се добри. Секако, ќе треба да поминете некое време во кујната, но рецептот сосема вреди за да одземи дел од вашето време. Јас гарантирам дека ќе го обожавате. Мене не ми требаше многу време бидејќи моето пилешко и брокула беа остатоци од претходниот ден. Позната сум по рециклирање на храната хехехеххее. Додека тестенините се печеа, ги измив сите искористени садови и тотално изгубив околу 1 час во кујната. Веројатно ќе ви требаат околу 20 минути плус за подготовка на пилешкото и брокулата.

1. Подготовка на пилешкото- прво, подгответе ги пилешките гради на вообичаен начин. Моите беа исечени во ленти и печени во рерна. Малку маслиново масло, зеленчуков зачин и црн пипер е она што ви треба без разлика дали го пржете или печете пилешкото. Кога ќе бидат готови, оставете да се изладат, а потоа исечкајте ги на мали парчиња колку залак и оставете ги настрана.

2. Подготовка на зеленчукот- во меѓувреме, ставете ја брокулата во тенџере и само потурете ја со врела вода и оставете ја настрана. Потоа, во тавче на средна топлина додадете го преостанатото маслиново масло и лукот. Додадете ги сечканиот праз и моркови и пржете околу 10 минути да омекнат. Тргнете ги од оган. Додадете ги готовите цветови од брокула и пилешкото месо исечено на парчиња. Додадете сол, бибер, зеленчуков зачин по вкус. Нежно промешајте.

3. Подготвување тестенини- пригответе ги тестенините според упатството.

4. Подготовка на бешамел сосот- во средно тенџере, стопете го путерот на средна температура и додадете го брашното и брзо промешајте. Продолжете да мешате и пржете го брашното на средна температура 2-3 минути, а потоа, додадете го млекото и продолжете да мешате. Додадете го ренданиот кашкавал и оставете да се вари додека не се стопи. Ќе добиете фин сос без грутки. Додадете сол и црн пипер. Промешајте и тргнете го од оган.

5. Конечен чекор- на крајот, во подмачкан сад за печење 25 см(користев делимано коперлукс квадратеста тава), ставете ги тестенини, додадете го зеленчукот со пилешкото и сосот од бешамел, нежно промешајте, посипете го преостанатиот кашкавал и печете околу 20 минути додека не се запече одозгора. Јас печев на максимална температура.

Совети- обидете се да подготвите сè во исто време, така ќе заштедите време. Може да го примените истиот рецепт со компири, само заменете ги макароните со исечени варени компири.