Зреено месо
Состојки
- ваша оцена месо било какво
- според потребата сол
- според вкус зачини
Подготовка
Месо одберете какво сакате- свинско, јунешко- врат, рибица, пафлакот.. Сами одлучите кое месо ке го зреете.
1. Месото ставете го во сад и добро посолете го, да лежи на сол и да е покриено со сол, користете крупна сол. Така посолено ставете го во фрижидер да стои 48 часа.
2. По изминатото време извадете го од солта месото, со ладна вода добро измијте, со салфети добро избришете да не остане вода по него.
3. Од вас изберените зачинки - буковец, синап, сув рузмарин и магдоност, бибер, црвен пипер- значи вие што сакате од зачини ставете ги во сад или на самата даска, па извалкајте го добро месото- ставете на газа и замотајте во неа месото. Со стеги затегнете го на неколку места - ставете во фрижидер да стои на решетката од фрижидерот. Доколку убаво сте го избришале не би требало да капе ништо, но во секој случај ставете под него некој сад. Кај мене ништо не капеше- ниту вода ниту крв од месото затоа што додека лежи во солта се ослободува од крвта. Ако е потребно вртете го. (јас немав таква потреба бдејки го ставив да стои на местото под фиоките каде што обично треба да стојат шишињата).
4. Така чувајте го месото најмалку 30 дена... Зависи колкаво е парчето месо. По изминатото време извадете го, тргнете ги стегите, одмотајте и извадете од газата.
И драги мои - уживајте. Сте направиле домашно зреено месо кое навистина е одлично. Значи го ставив на 13 декември- помало парче беше, денес 21.01.2021 год. одлучив да видам што тоа јас направив. Одлично, ма одлично - ми има вкус на пршута. Значи ова е паметен рецепт... Така си го нарекувам јас. Ова е само во буковец и бибер малку бидејки е многу лут- мораше да ставам малку. Друго ништо не додадов.
Уживајте.