Шарени кифли со еурокрем
Состојки
- 700-750 гр брашно
- 300 мл млеко (млако)
- 1 коцка квасец
- 1 голема лажица шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 мала лажичка Сол
- 150 мл масло за готвење
- 1 јајце
- неколку лажици какао (за темниот дел)
- по потреба еурокрем
- по потреба шеќер во прав
Подготовка
Најмеките кифли што постојат, како душа се меки.....преубави и превкусни, пробајте ги.
1. Прво го активираме квасецот со дел од млекото, шеќерот и 1 лажица од брашното.
2. Потоа се замесува меко нелепливо тесто со додавање на сите наведени состојки, од кои брашното на крај (јас искористив точно 720гр)
3. Го делиме тестото на два еднакви дела, во едниот додаваме какао- по потреба, неколку лажици.
4. Ги оставаме покриени двата дела да стасаат.
5. Потоа на намрсена работна маса расукуваме правоаголна кора од светлиот дел.
6. Врз таа кора ја ставаме расуканата кора од темниот дел (во иста големина)
7. Завиткуваме ролат, од кој сечеме парчиња со ширина од 2см.
8. Почнувајќи од првото парче, ги формираме кифлите. Се расукува парчето, ставаме 1 мала лажичка еурокрем, завиткуваме околу еурокремот и притискаме со прстите за да не ни излезе еурокремот при печењето и ја завиткуваме кифличката.
9. Вака оформените кифли ги редиме во тава врз хартија за печење.
10. Нека стасаат, па ги печеме во загреана рерна на 200 степени - околу 15, максимум 20 минути (според мојата рерна)
11. Покријте ги кратко со чаршафче да остинат 10-на минути, потоа ставете им шеќер во прав и дегустирајте ги.
На здравје!
Забелешка - од оваа доза мене ми испаднаа 28 кифлички.
Кифлите не се премачкуваат со ништо...ни пред печење, ни после печење.