Испечати

Баклава со урми, ореви и портокал

Баклава со урми, ореви и портокал

Состојки

  • 300 гр кори за баклава
  • 300 гр урми
  • 100 гр ореви
  • 150 гр путер
  • 100 мл масло
  • 400 гр шеќер
  • 350 мл вода
  • 1 портокал сокот + кората

Подготовка

Преубава, ароматична баклава

1. Најпрво корите исечете ги на пола, потоа со четка премачкајте ја секоја кора со растопениот путер промешан со масло. Потоа, превиткајте ја кората од едната, па од другата страна.

2. На крајот од кората ставете ја урмата во која има орев на местото на семката(семките отстранете ги). Мотајте триаголници до самиот крај на кората, така постапувајќи со секоја кора.

3. Наредете ги во премачкана со путер тава за печење. Остатокот од путерот со маслото ставете го одозгора врз триаголнците. Печете на 160 степени околу 40 мин.

4. Во сад на оган ставете ги водата и шеќерот да зовријат, па додадете ја ренданата кора и сокот од портокал. Топлиот шербет ставете го врз баклавата и почекајте неколку часа убаво да се впие шербетот, па послужете.

На здравје