Испечати

Полнети ѓевречиња со праз

Полнети ѓевречиња со праз

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 100 мл масло
  • 250-300 мл топло млеко
  • 1 лажица квасец во коцка
  • 300 гр сушено меспо
  • 200 гр урда
  • 3-4 парчиња праз
  • 2 јајца
  • 1 супена лажица зачин
  • 50 гр сусам за наросување
  • 1-2 лажици маргарин

Подготовка

Морам да признаам дека овие ѓевречиња излегоа сосема случајно, ама на крајот не се покаав воопшто што ги направив, сите беа сити и среќни.

1. Од брашното, кавасецот маслото и млекото замесуваме убаво меко тесто кое го оставаме околу 1 час да надојде убаво. Е сега зависно од брашното може да ви треба плус брашно или не , нели некое брашно бара повеќе течност некое помалку.

2. Во меѓувреме го сецкаме ситно празот ги додаваме зачините, и го пржиме додека убаво омекне, јас прво го варам во вода некое време а подоцна го пржам. Кога е при крај го додаваме сирењето и сушеното месо, може да ставите какво имате дома или какво вие сакате да јадете, а тоа ќе му даде посебен вкус на празот, додаваме и едно јајце и се заедно пропржуваме. Вака добиената смеса ја оставаме да олади.

3. Од стасаното тесто правиме поголеи топчиња. Од секое расукуваме не многу голема кора( имам слики во прилог ) и ја полниме со смесата, па ја виткаме како ѓеврече.

4. Откако ќе ги направиме сите ги ставаме на плех обложен со хартија за печење, и уште половина час оставаме да надојдат. Пред да ги печеме ги мачкаме со јајце и наросуваме со сусам. Ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути додека не добијат убава боја.
Откако се готови,  ги премачкуваме со маргарин и ги  оставаме да омекнат.

А после некое време баш се меки како памук.