Испечати

Макарони со мелено месо

Макарони со мелено месо

Состојки

  • 600 гр макарони
  • 500 гр мелено месо
  • 500 мл доматен сос
  • 500 мл млечна павлака за готвење
  • масло по потреба
  • 1 кромид
  • зачини по вкус, оригано, морско оревче, буковец, бибер, босилок,
  • 250 гр кашкавал

Подготовка

Едноставна идеја за подготовка на вкусен ручек... Нешто слично на лазања ама со макарони...Па кога немате дома кори за лазањи, а ве мрзи како мене да си направите домашни, вака може да се снајдете...

Подготовка
1. Ги вариме макароните, ги процедуваме.
2. На масло запржуваме сечкано на ситно кромитче, па го додаваме меленото месо.
3. Кон крајот на пржењето ги додаваме зачините по вкус, сол, буковец, морско оревче, бибер.
4. Го додаваме доматниот сос и вариме додека да испари течноста и да се згусне сосот, ама не премногу да е густо.
5. Ги ставаме половината од макароните во намрсена тава бр. 28.
6. Ги прелеваме со половина од павлаката, половина од месото и рендаме половина од кашкавалот.
7. Потоа ја повторуваме постапката со другата половина состојки.
8. Печеме во загреана рерна околу 15-20 минути.