Мафини со праз и сирење
Состојки
- 3 јајца
- 250 гр кисело млеко
- 1 чаша (200мл) брашно
- 1 чаша (200мл) царевно брашно
- 1 пециво
- 150 мл масло за јадење
- 100г р сирење
- 1 страк праз
- по вкус сол
Подготовка
Вкусно, брзо и здраво, идеално за вкусен појадок со чаша јогурт.
1. Најпрво празот се мие и сецка.
2. Сирењето го дробиме со вилушка.
3. Потоа во сад за матење ги ставаме состојките по следниот редослед - јајца, кисело млеко, масло за готвење, сирење, праз, царевно брашно и на крај брашното, измешано претходно со пецивото. Миксираме кратко, додека да се соединат состојките. Ако не ви е многу солено сирењето, додадете и сол.
4. Смесата се распоредува во калап за мафини, претходно намастете ги калапчињата, или ако користите хартиени корпици - и нив намастете ги. Тоа е со причина да не ви се залепат мафините, бидејки има хартиени корпици кои не се направени од мрсна хартија и затоа и нив мора да ги премачкате со масло.
5. Калапот не се полни до горе- видете додатна слика, бидејќи мафините нарасnуваат при печењето.
6. Одозгоре наросете сусам, ленено семе или други семиња - по вкус.
7. Доколку сакате да го приготвите овој вкусен појадок на поедноставен начин, тогаш смесата печете ја во намастено и побрашнето тавче.
Забелешка - од оваа доза испаѓаат 16 мафини. Супер се и во комбинација со спанаќ, ако се решите за таа комбинација - додадете 200гр спанаќ.
На здравје!