Испечати

Француски ролат со праз- Terrine

Француски ролат со праз- Terrine

Состојки

  • 115 гр крем сирење филаделфија
  • 115 гр козјо сирење
  • 2 страка праз
  • 1/2 лажиче сув власец
  • 1лажиче кора од лимон

Подготовка

1. Исчистете го празот и исецкајте го на тркалца. Во тенџере на оган ставете вода да врие и пуштете ги внимателно тркалцата праз. Префрлете ги веднаш на кујнска хартија.Во калапот за ролат од делимано, постелете најлонска фолија. редете ги на дното парчињата праз.

2. На страна во друг сад помешајте ги состојките за крем фил. Откако добро ги соединивте ставете ги врз празот. Покријте ги добро и нагмечете убаво и рамномерно. Затворете ја смесата со остатокот од најлонската фолија и оставете го да стои најмалку 8 часа во фрижидер. Потоа пажливо превртете и пределете го. Јас извадив две големи парчиња.
Вкусот е прекрасен, треба само да пробате.

Е сега можам да ви кажам една друга варијанта. Можете да ги обарите парчињата праз, но не сецкани.
Па да ги редите баш како ролат. Ред на долго праз, па крем фил, па пак праз и така до горе.
Но треба да ги дуплирате состојките да ви стаса за повеќе.
Тогаш ќе можете да сечете парчиња баш како ролатчиња.
Нека ви е слатко.