Мини фокачи
Состојки
- За тестото
- пола квасец
- 1 лажичка шеќер
- 400 гр. брашно
- 125 мл. топло млеко
- 125 мл. топла вода
- 60 мл. ладно цедено маслиново масло
- 1 лажичка сол
- потребно уште
- 1 лажица крупна сол за наросување
- попотреба вода за премачкување
Подготовка
1. Од сите состојки замесете масно тесто, ставете го во сад и покријте го со стреч фолија. Оставете го да стасува околу два часа.
2. Од тестото расукајте кора во дебелина од 1 см и со помош на калап извадете кружни форми. Кружните формички ставете ги во тава за печење обложена со хартија за печење и оставете ги повторно да стасуваат околу пола час.
3. Откако ќе стасаат со помош на прстите направете дупчиња по фокачите, наросете ги со крупна сол и печете ги на температура од 170 степени околу 25-30 минути.
4. Откако ќе бидат испечени уште додека се топли премачкајте ги со вода за да бидат повеќе меки.