Лиснати ролнички со праз
Состојки
- 1 пакување лиснато тесто
- 3-4 парчиња праз
- 100 гр сирење
- 2 јајца
Подготовка
За љубителите на лиснато тесто ова е навистина вкусен,брз и лесен рецепт. Во овој случај јас користев готово лиснато тесто, оти немав за жал и баш многу време да правам домашно.
1. Најпрво го оставаме лиснатото тесто убаво да се одмрзне за да може подоцна убаво да се истегне.
Во меѓувреме го сецкаме на ситни парчиња празот, го пржиме убаво, и при крај го додаваме иситнетото сирење. Откако се ова е измешано и убаво запржено го додаваме и јајцето.
2. На работната маса ставаме малку брашно за да не ни се лепи лиснатото тесто, и го расукуваме убаво. Ставаме од смесата, на крајот го мачкаме со јајце за да се залепи убаво и сечеме мали ролнички.
Секоја ролничка ја ставаме во тава обложена со хартија, и од горе ја премачкуваме со јајце, и наросуваме сусам. Печеме 10-15 минути додека не добијат убава румена боја.
Прилог и декорацијата е секако по ваш избор, ние си ги јадевме со кисели краставички и плус фета сирење.