Ролнички со фил од праз и кисела зелка
Состојки
- 250 гр кори(или 8-9 кори)
- фил
- 1 кг кисела зелка
- 2 страка праз
- 2 лажици масло
- 1 лажица полна свинска маст
- сол и бибер по вкус
- премаз
- 2 јајца
- 150 гр кисело млеко
- 1 лажиче пециво
- 3 лажици брашно, користев грахам
- сол и сусам
Подготовка
1. Во една тава ставаме масло и свинска маст. Ја додаваме ситно сецканата кисела зелка и пржиме на умерен оган околу 1 час. На страна го пржиме празот, па го соединуваме со испржената зелка. Додаваме сол и бибер
2. Во еден сад ги ставаме јајцата, сол, кисело млеко, брашно. И пециво. Јас тука не додадов масло, од причина што филот си има маснотија. И се си беше погодено.
3. Земаме 1 кора, со четка ја премачкуваме со преливот, ја преклопување дијагонално. Во средината ставаме по 2,3 лажици фил Краевите ги внесуваме навнатре и заролуваме.
4. Вака подготвени сите ролнички, односно кори ги редиме во танко намастена тава. Одозгора ги премачкуваме со остатокот на прелив и посипуваме сусам
Печеме во загреана релна на 180 околу 30 минути Оставаме да се изладат и ги послужуваме овие превкусни ролнички