Бомбици од црни сливи
Состојки
- 10 половинки на суви црни сливи од компот, 100гр
- 50 гр бисквити
- 50 гр ореви
- 2 штангли чоколадо
- Бело чоколадо за декорација
Подготовка
Ееее многу ми е ќеиф на душата, кога од ништо ќе направам нешто, и тоа мнооогууу вкусно. Вчера сварив компот од црни сливи, и дел така си ги изедовме, а дел ги употребив во овие зимски, вкусни бомбици. Доколку немате компот од црни сливи, користете суви сливи, кои ќе ги натопите 1 час да одстојат во врела вода. И секако додадете цимет, каранфилче... Во состојките. Јас искористив 10 половинки од сливите, беа точно 100 гр. Не ги цедев од течноста, која ја содржеа.
1. Во чашата на нутрибулет ги ставив сливите, растопеното чоколадо, ореви и бисквити. Со кратки пулсирања ја соединив цела смеса. Оставив убаво да се излади.
2. Потоа формирав бомбици, на кои дното им го потопував во растопено бело чоколадо и потоа им направив мали шари.
3. Оставаме да се стегнат, ги послужуваме и уживаме, во навидум едноставен, но богат вкус.