Испечати

Домашна пица со домашен, доматен сос со босилек

Домашна пица со домашен, доматен сос со босилек

Состојки

  • тесто
  • 230мл млака вода
  • 1/4 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 2лажици маслиново масло
  • 400гр брашно
  • 1/4 коцка свеж квасец
  • за редење
  • 1 тегленце домашен доматен сос
  • 300-350 гр кашкавал
  • 100 гр свинска пршута
  • 2-3 кисели краставички
  • 300 гр маринирани шампињони, без течност, 2 мали кесички
  • 10 листови свеж спанаќ
  • оригано

Подготовка

1. Во сад ја ставаме млаката вода, додаваме квасец, шеќер, лажиче брашно и промешуваме. Оставаме така 5 минути. Потоа додаваме сол, масло и постепено брашно. Замесуваме мазно, но по малку лепливо тесто. Врз тестото ставаме 2-4 капки масло, го размачкуваме по површината и го покриваме со прозирна фолија. Кога тестото ќе се дуплира, повторно го премесуваме. Ако треба на дланката ставаме некоја капка масло. Го покриваме и го оставаме да стои 1 до 2 часа.

2. Сега без премесување го делиме на 2 дела. Со дланките го распоредуваме тестото во две тави.
Врз тестото јас користев од мојот домашен сос со босилек(Доматен сос со босилек).

3. Рендаме кашкавал, ставаме шампињони, кругчиња кисели краставички, исецкани листови спанаќ, пршута, оригано...
Печеме во јако загреана рерна околу 10 минути.
Сервираме жешка и уживаме