Испечати

Салата со доматен сок и праз (посно)

Салата со доматен сок и праз (посно)

Состојки

  • 250мл Доматен (домашен) сок
  • едно помало парче (околу 15см) Праз
  • малку Масло за јадење
  • по вкус сол

Подготовка

Еве еден предлог од мене...брза, лесна вкусна зимска салата, која е толку многу едноставна, а прекусна - пробајте ја.

- Доматниот сок го ставаме во подлабока чинија, посолуваме по вкус, додаваме малку масло. Го додаваме и празот исецкан на мали парчиња....и тоа е се, салатата е спремна за нејзино конзумирање.

Совет - доколку не ви е битно дали е салатата посна или не, можете да додадете сирење исецкано на мали коцкички. Истотака оваа салата има убав вкус и со додавање на маслинки, но сепак ова е основниот рецепт на кој се припрема оваа салата.
Се надевам дека ќе ја припремите и ќе уживате во оваа едноставна, но многу вкусна салата.
Доматниот сок јас го припремам на едноставен начин, ги рендам доматите, добиениот сок го собирам во шишиња, а потоа шишињата ги зовривам во тенџере со вода.