Испечати

Чизкејк без печење

Чизкејк без печење

Состојки

  • основа
  • 300 гр плазма бисквити (кршени или мелени)
  • 125 гр путер
  • 200 мл млеко
  • фил
  • 200 мл слатка павлака
  • 100 гр шеќер
  • 250 гр крем сир (најдобро Абц или Дукатела)
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 лажичка ванила течна арома
  • 300 гр црвено зрнесто овошје по желба(вишни, малини, капини...)
  • 50 гр шеќер
  • 10 гр желатин

Подготовка

Чизкејков ми е љубов на прв поглед!
Се чувствува вкусот на секоја состојка, буквално.

1. Млекото се загрева и во него се става путерот за да се стопи. Со загреаното млеко и путер се попаруваат бисквитите. Смесата се става во калап за торта или тава, на кого како му одговара. За полесно сервирање, тавата треба да се премачка со путер или да се обложи со стреч фолија.

2. Хоплата и шеќерот се матат, па во неа се додаваат павлаката, крем сирењето и ванилата. Се мати кратко, колку да се соединат состојките. Смесата се истура врз бисквитите и се става во фрижидер околу 30 мин.

3. Овошјето и шеќерот се варат 5-6 мин. Се трга од оган, кратко се промешува да испари врелецот, па постепено и со мешање се додава желатинот. Брзо се меша за да се стопи желатинот, а да не се згрутчи. Се остава да се олади 2-3 мин, па внимателно и од ниско се истура врз филот. Ако глазурата е врела и се истура од високо, истата ќе навлезе во филот и ќе се измеша со него - веќе нема да биде глазура.

Се остава во фрижидер најмалку 2-4 часа, па потоа може да се сече.

На здравје преубави вкусови!