Ароматичен компот од црни сливи
Состојки
- 150гр црни суви сливи
- 1-1,3 л вода
- 1-2 лажица мед
- 1 стапче цимет
- 2-3 кругови лимон
- 2 кесички чај од хибискус
- звездест анис, морско оревче, каранфилче во прав
Подготовка
Ароматичен компот кој ќе ви ја згреее душата.
1. Во тенџере ставаме вода. Ги додаваме претходно малку накиснатите црни суви сливи. Додаваме кругови лимон, анис, цимет стапче, малку морско оревче во прав, малку каранфилче во прав и оставаме да вари на тивко околу 25 минути. Пред крај додаваме мед, кесички чај и оставаме да вари уште 5 минути.
Тргаме на страна сервираме и послужуваме