Празнична егзотична бајадера
Состојки
- 150 гр засладено кондензирано млеко
- 200 гр банана
- 250 гр мелени бисквити
- 200 гр мелени ореви
- 50 гр кокосов путер
- рендана кора од еден портокал
Подготовка
Скоро секоја година подготвувам бајадера за Божиќ, овој пат се одлучив таа да биде егзотична...
Подготовка
1. Бананата заедно со кондензираното млеко ја блендираме во Нутрибулет или блендерот што си го имате во кујна.
2. Смесата ја соединуваме со мелените бисквити, оревите, кокосовиот путер и кората од портокал.
3. Ја расплескуваме на силиконска тава или на најлонска фолија.
4. Ја одложуваме во фрижидер.
5. Откако ќе се стегне и се соединат вкусовите ја сечеме на форми по желба.
6. Ја сервираме и ја прелеваме со солен карамел крем и посип од чоколадни парченца.