Тава со компир и сланина - Прилог кон главно јадење
Состојки
- 9 средни компири (2 кг)
- 250 - 300 гр сланина
- 2 јајца
- 200 гр кисела павлака
- 200 гр кашкавал
- неколку листа магдонос
- зачини по вкус, бибер, буковец, сушен рузмарин
Подготовка
На секого му е потребна идеја во кујната...Ова е еден вкусен празничен прилог кон главно јадење...
1. Компирите ги вариме, лупиме, ги ладиме.
2. Секој компир го засекуваме на три дела и во секој засек му ставаме парче тенко исечена сланина.
3. Ги намаслуваме и ги зачинуваме со бибер, буковец и рузмарин.
4. Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 200 степени.
5. Откако ќе се запечат ги залеваме со разматена павлака со јајца, која сме ја зачиниле со бибер и сол.
6. Ги посипуваме со рендан кашкавал и сечкан магдонос
.
7. Ги запекуваме колку да се растопи чашкавалот.
8. Ги вадиме од рерна и ги сервираме.