Испечати

Лешник пуслици

Лешник пуслици

Состојки

  • 2 белки
  • 150 гр шеќер
  • 20 гр пудинг од лешници
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажица какао
  • 100 гр мелени лешници

Подготовка

Како и сите пуслици така и овие се превкусни.

1. Белките ги матиме во цврст снег и постепено го додаваме шеќерот и ванилата. Потоа го додаваме просејаното какао и пудинг. Мешаме па ги додаваме мелените лешници.

2. Со лажичка правиме топчиња и ги ставаме во тава обложена со хартија. Врз секое топче набодуваме по еден цел лешник. Доколку сакате можете да ги лепите по две со крем,во тој случај не мора да ставате лешници.

3. Печеме во загреана рерна на 120 степени околу 25-30 минути.

На здравје!