Чоколадни кариоке-Грчка кујна
Состојки
- 250 гр бисквити Плазма или Петит Б.( јас користев половина количина на плазма мелена и половина количина на сецкани наполитанки со лешник)
- 120 гр орев, сецкан и тостиран
- 140 мл млеко
- 80 гр шеќер
- 120 гр путер
- 1 ванила
- 2 лажици какао
- 2 штангли чоколадо
- 1 лажиче рум
- 1/2 лажиче цимет
- 1 лажица мед
- 300 гр црно чоколадо за декорација
- 3 лажици масло
Подготовка
Десертот Кариоке потекнува од прекрасниот мал град Ксанти во северна Грција и локален готвач за слатки, ги направил познати низ целиот свет. Тоа се оние чоколадни плочки, коцки, корнети, кои сјаат во светкави фолии во разни бои на полиците на грчките слаткарници. Немам идеја што се крие внатре, но неизбежно ги купувам при секоја посета во Грција. Секое спаковано кариоке е со посебен и специфичен вкус и мирис. Најчесто купувам по 2 од сите врсти. Останувам верна на овие слатки мали убавици...
Но зошто и да не бидат подготвени во мојата кујна?
Еве рецепт
1. Во поголем сад истурете ги не целосно мелените бисквити(кај мене мешавина на плазма и наполитанки) и оревите. Додадете какао, шеќер во прав, ванила, рум, мед, цимет. Потоа истурете го млекото и стопениот, но не врел путер, како и растопеното чоколадо.. Соединете ги сите состојки добро со рацете.
2. Сега земате фолија, и формирајте салама од неа. Слободно ја притискаме смесата на работната површина, така што на крајот да имаат форма на полумесечина. Сега така формирана, оди во фрижидер најмалку 4 часа или еден час во замрзнувач за да се стегне.
3. Темното чоколадо растопете го со малку масло над пареа Кога ќе добиеме потполно мазна смеса, можеме да преминеме на последниот чекор од глазурата на кариоките.
4. Подгответе една тава со хартија за печење. Ставаме по едно ладно парче од смесата на вилушка и го натопуваме во чоколадо, покријте го целосно. Почекајте да се исцеди вишокот чоколадо и потоа ставете ја кариоката на хартија за печење.
5. Вратете ги кариоките во фрижидер за дополнително да се зацврсти чоколадото најмалку половина час. Секој чоколаден кариок го завиткуваме во фолија и подготвени сме да ги послужиме