Испечати

Украсна пифтија

Украсна пифтија

Состојки

  • 3 свински нози
  • 1 кг месо(по желба)
  • 1 морков
  • 2 главици лук
  • 1 ловоров лист

Подготовка

1. Свинските нози оставете ги од вечер во вода да одкиснат. Другиот ден убаво измијте ги, ако има влакна избричете ги со бикче.

2. Во големо тенџере ставете ги нозете и месото, насипете вода до горе и ставете на шпорет да се вари на тивко, около 6 саати. Треба да остане пола од тенџере. На крај ставете морков, посолете по вкус, додајте црн пипер и зачини по желба. Лукче истолчете и додајте во тенџерето.

3. Месо извадете го и ситно искинете го, нозете исчистете ги од коски. Ставете го месото во сад во кој сакате да ви биде пача(јас направив во филџани за секој посебно). Месото прелијте го со вода и оставете да истине.

Сервирајте во чинија и украсете по желба!
Добар апетит!