Елки соленки
Состојки
- 1 кг брашно
- 200 мл јогурт
- 250 гр маргарин
- 1 сув квасец
- 1 лажиче сол
- 2 лажички шекер
Подготовка
1. Во просеано брашно додајте сол, шекер, маргарин и промешајте со рака. Додајте сув квасец, јогурт и топла вода по потреба, за да се замеси тесто. Тесто премачкајте го со зејтин и оставете го на топло место да стаса.
2. Стасано тесто расукајте го во кора, исечете со нож триаголни форми. Секој триаголник сечете го со ножичка за да добиете гранки на елката. Од тесто направете мали коцки, тоа ке биде стеблото на елката.
3. Елките наредете ги во тава, под елките ставете стебла. Премачкајте со јајце. Елките украсете ги со златна мешавина. Оставете да отстои 15 минути. Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Многу украсно и декоративно!