Топло предјадење со палента и ракчиња(посно)
Состојки
- За подготовка на палента
- 1 литар вода
- 11 преполни лажици палента
- 4 лажици маслиново масло
- 1/2 лажичка куркума
- по потреба сол и црн бибер
- Салса од спанаќ и анасон
- 2 раце бејби спанаќ (или обичен)
- 1 лажичка сецкан свеж анасон
- 1/2 чешне лук
- по потреба зеленчукова супа
- по потреба сол
- 1 лажичка маслиново масло
- За подготовка на ракчињата
- 8 свежи ракчиња
- 1/2 лимон (само сокот)
- 1 поголемо чешне лук
- 1 лажица сецкан свеж магдонос
- по потреба сол и црн бибер
Подготовка
Еве еден мој предлог за топло и вкусно предјадење.
Беше дел од нашата Новогодишна трпеза.
1. Во касерола ставете ја водата, сол и маслиновото масло. Откако ќе зоврие додајте ја палентата и мешајте често. Варете ја 20 минути. Јас користев палента која не беше инстант и затоа се вари подолго време. Откако ќе биде готова додајте ја куркумата и малку бибер.
2. Во меѓувреме ставете го спанаќот во тава. Гответе го само додека испари водата што ја пушта самиот спанаќ. Префрлете го во повисок пластичен сад. Додајте го анасонот, лукот, сол, маслото и по потреба зеленчукова супа. Изблендирајте со рачен блендер до саканата густина.
3. Во тава на оган ставете маслиново масло и чешнето лук(малку згмечено). Откако ќе се ароматизира маслото извадете го лукот и ставете ги исчистените ракчиња. Пржете ги на среден оган по 2 минути од секоја страна. При крај додајте го сокот од лимон, сол и бибер. Откако ќе бидат готови ставете го магдоносот.
Во чинија за сервирање ставете од палентата.
Нанесете од салсата од спанаќ и неколку ракчиња.
Ова е доза за 2 порции.