Палента(качамак) со зденки и сирење
Состојки
- 100 гр палента
- 500 мл вода
- 1 голема лажица путер
- 2 зденки
- 100 гр сирење
- по вкус сол
Подготовка
Палентата(качамак) е здрав, вкусен и ефтин оброк кој може да се консумира на разни начини во комбинација со различни намирници. Ова е омилената комбинација на моите дечиња.
1. Ставаме жешка вода и ги додаваме путерот и палентата, вариме неколку минути(до згуснување) со постојано мешање на умерена температура. Посолуваме по вкус.
2. Тргаме настрана и ги додаваме зденките, кои ќе се стопат од топлината и ќе и дадат еден убав вкус и кремаст изглед на палентата.
3. Сервираме во чинии, одозгора рендаме сирење.
Уживајте во овој здрав оброк со чаша јогурт.
Забелешка - овие мерки се за 2 чинии. Овој пат количината на вода и палента ја измерив поради точни мерки за самиот рецепт, иако секогаш соодносот е 3 спрема 1 (3 дела на вода- 1 дел на палента) и си мерам со некоја шолја.