Мекици
Состојки
- 20 гр свеж квасец
- 400 гр брашно
- 150 мл топло млеко
- 100 гр кисело млеко
- 1 јајце
- 1 лажица масло
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 1/2 лажиче оцет
Подготовка
Нема поубав појадок за мене од домашни, топли мекици
Еве го мојот начин на подготовка
1. Во сад ги ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно и топлото млеко. Промешуваме и оставаме да се активира. Потоа во садот ги додаваме јајцето, солта, оцетот и киселото млеко. Промешуваме. Сега додаваме постепено брашно и замесуваме тесто помеко. Го покриваме и оставаме тестото да се дуплира.
2. Така втасаното тесто го делиме на 10ина топчиња. Топчињата ги редиме во малку намастен овал, ги покриваме со прозирна фолија и ги оставаме да одстојат 20 минути.
3. За тоа време на умерен, никако јак оган загреваме тенџере со масло. Со малку намастени раце ги растегнуваме топчиња, ги спуштаме во маслото и ги пржиме од двете страни да заруменат. Ги редиме на хартиени салфети.
Јас ги послужив со бомбици од урда со сусам, сирење и јогурт.