Макаронс
Состојки
- 3 белки
- 55 гр шеќер
- 200 гр шеќер
- 120 гр бадемово брашно
- по желба прехрамбена боја
- за крем
- 200 мл слатка павлака
- 200 гр чоколадо за готвење
- 1 лажица путер
Подготовка
1. Се матат белките дури да се запенат и се додава половина од шеќерот, по 2-3мин се додава остатокот од шеќерот и се мати додека не се добие цврст шлаг.
2. Во процесор се блендираат шеќерот во прав со бадемовото брашно кратко време да се соединат. Се просејуваат низ сито. Се додава половина од смесата во белките и се меша со шпатула убаво да се соедини,с е додава и остатокот од смесата и повторно се меша. Се додава бојата. Се меша додека смесата не почне да паѓа во млазови како вулканска маса или со помош на шпатулата да можете да напишете бројот 8 без прекини.
3. Се додава смесата во готварски шприц со тркалезен отвор и на тава обложена со мрсна хартија се прават мали кругови. Тавата се удира од маса неколку пати за да се истиснат меурчињата.Се оставаат да се сушат на собна температура додека не се направи коричка како лушпа од јајце. Отпрлика 60мин би траело тоа.
4. Се загрева рерната на 150 степени и се ставаат да се печат. По околу 7 мин ќе се појави "прстенот". Се печат околу 12-15 мин или кога ќе ги мрднете со прстот школките не се движат. Се оставаат убаво да се изладат пред да се филоваат.
5. За фил, се топи чоколадото со слатката павлака и се додава путерот. Се меша и се остава да се стегне .