Испечати

Сарма од кисела зелка

Сарма од кисела зелка

Состојки

  • 500 гр мелено месо (мешано)
  • 200 гр Ориз
  • 1 (средна големина) кисела зелка
  • по вкус сол, црн бибер, црвен пипер, мешан сув зачин
  • по потреба масло за јадење

Подготовка

Сарма со месо е јадење кое најчесто се конзумира зимно време. Претставува главно јадење со киселкаст и неодолив вкус, на кој ретко кој може да му одолее. Ова е мојот начин на подготовка, кој ни е омилен мене и на мојата фамилија.

1. Кромидот ситно го сецкаме и го пржиме додека да омекне. Го додаваме меленото месо, го пржиме и него. На крај додаваме сол, мешан сув зачин, црн бибер и црвен пипер. Го додаваме и претходно истребениот и измиен ориз.

2. Зимаме по околу 1 голема лажица од смесата, ја ставаме во листот од зелка и стегнато ја завиткуваме сармата.

3. Готовите сарми ги редиме во поголем и длабок сад (јас во пекач) врз неколку поголеми листови од зелката.

4. Им ставаме врз нив масло за јадење и малку црвен пипер. Покриваме со листови зелка, налеваме жешка вода колку да ги прекрие убаво сармите, а врз нив ставаме чинија за да не се растураат сармите. Ги затвараме со капакот и ги ставаме во загреана рерна на 250 степени околу 1 - 1,5 час (извадете една сарма и пробајте дали е сварен оризот)... Доколку не ви се брза, може да ја печете на потивок оган подолго време да си крчка. Како и да ја правите, нема да утнете, бидејќи сите состојки се веќе обработени, а на оризот му треба кратко време да се свари.

5. Потоа го тргаме капакот и ги допекуваме сармите малку, колку да се запечат.

6. На крај, полијте ја сармата со загреано масло и црвен пипер.

Забелешка - по желба можете да додадете во смесата за полнење и чадена сланина. Тој вкус мислам дека повеќе ќе го сакаат љубителите на помрсна храна, но како и да одберете- нема да згрешите... Ќе уживате во вкусот на овој прекрасен ручек.
Оние листови кои нема да ги употребите за завиткување на сармата, можете да ги исечкате поситно и да ги искористите како подлога за сармите.