Испечати

Дрезденски штолен

Дрезденски штолен

Состојки

  • 10 гр сув квасец
  • 125 гр путер
  • 1 лажичка кардамом
  • 50 гр шеќер
  • 300 мл млако млеко
  • 1 јајце
  • малку сол
  • 1 чаша суво грозје
  • 1 чаша сува брусница
  • 1 чаша кандирана кора од портокал и лимон
  • половина чаша сецкани бадеми
  • околу 5 чаши брашно
  • путер и шеќер во прав за крај

Подготовка

1. Се раствора млакото млеко со шеќерот и квасецот и малку брашно. Се додава омекнатиот путер, јајцето, кардамом и уште брашно. Се мати со миксер додека не се добие хомогена смеса. Се додава уште брашно додека не се измеси мазно тесто. Се додаваат во тестото сувото грозје, брусница сецканата кандирана кора од портокал и лимон и сецканите бадеми. Суво овошје ставате количина по желба. Се остава тестото покриено на топло место околу 1 час.

2. Потоа се размесува и се дели на три дела. Се оставаат 15 мин. Од секој дел се прави векна во форма на повој (слики во коментар). Се редат во тава обложена со мрсна хартија со простор меѓу нив.Се оставаат околу 40 мин да киснат. Се печат во загреана рерна на 170 степени додека не поруменат. Откако ќе се испечат се премачкуваат обилно со стопен путер. Откако ќе оладат се наросува повеќе шеќер во прав од сите страни.Се виткаат секое посебно во стреч фолија. Колку повеќе стојат толку се поубави.