Испечати

Џинџербред медењаци

Џинџербред медењаци

Состојки

  • 120 гр путер или маслац
  • 70 гр кафеав шеќер
  • 100 гр мед
  • 1 рамно лажиче сода бикарбона
  • 1 лажиче цимет
  • 1/2 лажиче ѓумбир
  • 1 рамно лажиче морско оревче
  • 1/3 лажиче каранфилче
  • 1/3 лажиче пимент
  • прстофат сол
  • 300 гр брашно
  • За шарање
  • 1 белка
  • 200-250 гр шеќер во прав
  • 2 лажички сок од лимон
  • по желба прехрамбени бои

Подготовка

Ова се конечно најубавите медењаци кои сум ги испробала до сега за правење форми со калапчиња. Меки, воздушести и вкусни на текстура.

1. Се мати путерот со шеќерот, па кога ќе се соедини убаво се додава јајцето, а потоа и медот. Се додаваат содата и зачините, па потоа солта и постепено брашното, па се замесува мазно тесто. Доколку има потреба се додава уште многу малку брашно.

2. Тестото се става во најлон и се остава околу еден час во фрижидер. Потоа се сучи не многу тенко и со калапчиња се вадат форми кои се редат во плех обложен со пек хартија и се печат 7-8 минути на 180С.

3. Белката се мати со миксер колку да запени, се додава сокот од лимон и потоа се додава постепено шеќерот до посакуваната густина. Во дел по желба се става прехрамбена боја и со помош на најлон кесе се шараат медењаците.