Празнична векна со фил од ореви, јаболко и брусница
Состојки
- тесто
- 20 гр свеж квасец
- 50 гр шеќер
- 1/4 лажиче сол
- 40 мл масло
- 130 мл топло млеко
- 1 јајце
- 1 ванила
- ,кора од портокал
- 260-280 гр брашно
- фил
- 1 поголемо јаболко
- 40 гр сува брусница
- 40 гр тостиран, па мелен орев
- 1 лажиче гриз
- 1 лажиче рум
- 2-3 лажици мармалад од кајсии
- шеќер за одозгора
Подготовка
1. Во сад ги ставаме квасецот, шеќерот, топлото млеко, лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира. Во садот додаваме сол, ванила, кора од портокал, масло, не цело изматено јајце, јас оставив 1 лажица за да ја премачкам одозгора и промешуваме. Постепено го додаваме брашното и замесуваме тесто помеко. Го покриваме со фолија тестото и го остаавме да се дуплира.
2. Потоа нежно од втасаното тесто сукаме правоаголна кора, со многу малку посип од брашно.
3. Во сад ги соединуваме оревите, гризот, ренданото јаболко, рум, брусница, мармалад. Со овиј фил ја премачкуваме кората. Завиткуваме ролат.
4. Го поставуваме во долгнавест калап за леб. Го оставаме да стои 20 минути, па го премачкуваме со јајцето кое го тргнавме на страна.
Наросуваме шеќер по површината.
Ја печеме векната во загрена релна на 180 с околу 30 минути.
Испечена ја оставаме да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме со кафе или чај.