Домашни форнети
Состојки
- 15 готови тенки кори за пита
- прелив за корите
- 300 мл млеко
- 1 лажичка шеќер
- 1/2 коцка свеж квасец
- 1 лажичка брашно
- дополнително
- 150 мл масло
- 1 лажичка сол
- 10 лажици брашно
- полнење
- 300 гр изварка измешана со 5 лажици павлака.
- 1 јајце и сусам
Подготовка
Домашни форнети од готови кори кои се многу вкусни и едноставни за подготовка.
1. Прво во млакото млеко со шеќерот и една лажичка брашно го ставаме квасецот да се активира. Потоа го додаваме маслото, солта и брашното и убаво мешаме. Земаме една кора и со четка ја премачкуваме со три лажици од преливот. Ставаме друга кора и ја повторуваме постапката. Треба да ставиме пет кори и сите ги мачкаме. Потоа на едниот крај од кората нанесуваме фил и ја виткаме во ролат.
2. Постапката ја повторуваме со останатите 10 кори,на две места по пет и вкупно ќе добиеме 3 ролати. Ролатите ги покриваме со стреч фолија и ги оставаме да одморат еден час. Потоа ги сечеме на триаголници. Ги мачкаме со јајце, наросуваме со сусам и печеме во загреана рерна на 200 степени, 20-25 минути.
Јас во еден од ролатите додадов и рендана шунка и рендан кашкавал.
На здравје!