Испечати

Филети од пастрмка

Филети од пастрмка

Состојки

  • 2 парчиња пастрмки
  • 3 лажиици овесни снегулки
  • 1/2 лажиче зачин за риба
  • 1 лажиче рамно сол
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици палента

Подготовка

Како вљубеник во рибата,имам многу за пишување и кажување.
Постојано барам нови начини, маринади или слично, да направам промена на вкусовите.
1. Овој пат пробав со пастрмката. Вообичаено,пастрмката ја спремам цела, или ја печам или ја пржам.
И сега ја спржив но претходно ја поделив на филети, и според она што ми кажаа моите дома, овој пат беше најслатка.

2. Во Нутрибулет или нешто друго што може да сомели, ставете ги палентата, овесните снегулки и брашното. Ќе добиете една преубава мешавина. Додадете ја солта и зачинот за риба.
Во таа мешавина извалкајте ги претходнои измиените и исчистени филети, и веднаш пржете ги на масло. Пржете додека не заруменат. Извадете ги и поставете ги на кујнска хартија,нека се упие маслото.
Од овесните снегулки и палентата,површината на рибата е крцкава и преубава.

Послужете си една чаша ракиичка или винце.

На здравје