Испечати

Божиќно дрво- чоколаден ролат

Божиќно дрво- чоколаден ролат

Состојки

  • За кора
  • 5 јајца
  • прстофат сол
  • 15 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 15 лажици врела вода
  • 15 лажици просеано брашно
  • 1 лажица просеано чоколадно какао
  • 1 пециво
  • 50 гр. потпечени и сецкани ореви
  • За фил
  • 1/2 кг. слатка павлака
  • 1/2 кг. црно чоколадо за готвење
  • прстофат сол

Подготовка

Декоративен и вкусен ролат соодветен за празнична трпеза.

1. Најпрво го подготвувам филот, за да има време убаво да се излади. Слатката павлака се загрева до точка на вриење и се излева врз чоколадото(јас користев чоколадни петлици). Се меша додека убаво се растопи чоколадото и изедначи со слатката павлака. Се остава да се излади, со повремени мешања, до степен кога лесно можи да се мачка врз кората.

2. За кората се матат јајцата со шеќерот, сол, ванилата, па се додава врелата вода и на крај помешани брашното, оревчињата, пецивото и какаото. Се излева на хартија во тава со димензии 30 на 37 цм. Се пече во загреана рерна околу 15 мин. на 180 степени или према вашата рерна до сува чепкалка. Го вадиме на влажна памучна крпа наросена со една лажица кристален шеќер.

3. Се остава да се излади, па се премачкува со филот. Го виткаме убаво во ролат и го сечеме на три дела, еден голем и два нееднакви помали, на косо. Ги лепиме со ганаш и го обликоваме дрвото. Премачкуваме со ганаш и го шараме со вилушка. Декорираме по желба.

На здравје!