Брзи кроасани
Состојки
- 300 мл млеко
- 200 мл вода
- 1 сув квасец
- 2 лажици шеќер
- 100 мл масло
- 800 гр брашно
- 2 лажички сол
- 200 гр путер
Подготовка
Вкусни,меки брзи за подготовка.
1. Прво ги мешаме млекото и водата кои треба да бидат млаки(не топли) и во нив го додаваме шеќерот па квасецот. Чекаме да се активира. Потоа во квасецот го додаваме маслото. Ја додаваме солта и на крај брашното. Тестото го матиме со миксер подолго додека се добие мазно и меко тесто. Го оставаме да надојде покриено со стреч фолија додека се дуплира.
2. Стасаното тесто на работна површина го премесуваме и го делиме на две топки. Секоја топка ја делиме на 5 мали еднакви топчиња. Секое топче го расукуваме во мала кора и врз него рендаме замрзнат путер. Постапката ја повторуваме со другите топчиња а врз петтото не рендаме путер. Расуканите топчиња ги редиме едно врз друго. Од овие мали кори сукаме голема кора која ја сечеме дијагонално за да добиеме 16 кроасани. Ја повторуваме постапката со останатите 5 топчиња(од кои ќе добиеме една голема кора која ја сечеме на 16 делови).
3. Оставете уште 20тина минути да надојдат, премачкајте ги со јајце и печете во загреана рерна на 200 степени,околу 15 минути.
На здравје!