Испечати

Старинска торта

Старинска торта

Состојки

  • 5 белки
  • 75 гр. шекер
  • 50 гр. брашно
  • 1/2 пакетче пециво или 6 гр.
  • 50 гр. мелени ореви
  • 50 гр. рендано чоколадо
  • Жолт фил
  • 5 жолчки
  • 75 гр. шекер
  • 1 пакетче ванилин шекер
  • 500 мл. млеко
  • 50 гр. брашно
  • 50 гр. шекер во прав
  • 100 гр. путер
  • Темен - чоколаден фил
  • 500 мл. млеко
  • 1 пакетче ванила (може да е бурбон ванила или 1 лажичка екстрат од ванила)
  • 100 гр. шекер (или помалку - зависи од вашиот вкус)
  • 4 жолчки
  • 30 гр. густин
  • 10 гр. горко какао
  • 30 гр. путер
  • 50 гр. темно чоколадо
  • Ганаш
  • 100 мл. слатка павлака
  • 100 гр. темно чоколадо

Подготовка

Припрема
1. За пандишпанот
- Одвојте ги белките од жолчките
- Ставете ги во сад белките, додајте шекер и со миксер изработете ги во цврст снег, по што ке го додадете брашното во кое веке сте го измешале пецивото и оревите. Со шпатула убаво размешајте да се изедначи смесата и внимавајки притоа да не го истиснете воздухот од белките. Смесата истурете ја во тава постелена со хартија за печење и ставете да се пече во веќе загреана рерна на 180 степени. Бидејки е потенка кора, кратко е времето на печење- внимавајте да не ја изгорете. Печена извадете да се олади, а потоа исечете на толку ленти колку што сакате да биде висока. Овој пат јас ја сечев кората на потенки лени и како што гледате тоа се три на број.

2. Жолт фил
- Жолчките заедно со шекерот и ванила со жица изматете ги да се спојат, додадете половина од млекото - Измешајте со жицата, додадете го брашното- повторно измешајте и треба да добиете хомогена смеса (без грутчиња од брашото). Останатото млеко ставете на оган да се загрее добро, тргнете го тенџерето настрана и внимателно истурајте од смесата притоа постојано со жицата мешајки(може и обратно, загреаното млеко да го ставате во садот со смесата од жолчките- мешајте, вратете ја добената смеса во тенџерето и вратете на огнот да се вари како што се вари пудингот, треба да биде густа смеса. Тргнете од огнот, покријте веднаш врз добиениот крем со стреч фолија за да не фати кора и оставете 30 мин. да се лади. Кога ќе се излади- додадете во него шекер во прав и путер, па измиксајте се додека не се спои путерот со кремот. Тргнете настрана.

3. Темен - чоколаден фил
- Иста е припремата како кај жолтиот фил со тоа што ке го измешате густинот со горкото какао за да нема грутчиња и се истура во разматените жолчки, варете постојано мешајки со жицата- тргнете настрана и веднаш во топлиот крем додадете го путерот и чоколадата која сте ја искршил на помали делови или едноставно сте ја изрендале.

4. Формирање
- Ставете една лента од кората и слободно попрскајте ја со млако млеко(а и не мора) и премачкајте со жолтиот фил, друга кора - кафен фил , трета кора - жолт фил. Залијте со Ганашот за кој верувам дека веке знаете да го спремате, но пак ке напоменам- загрејте ја павлаката без да зоврие, ќе ја тргнете и во неа ке го додадете ситно искршено чоколадо, па мешајте додека се стопи, нека олади малку и залијте. Откако потполно ке олади како сакате вие така одозгора декорирајте ја. А може и така да остане додавајки чоколадни мотиви. Јас исполнувајки желбата на подмладокот- да личела како снежна, ја посипав со кокос од кој дел тостирав и така си игравме сите заедно.

НАПОМЕНА
- јас во жолтиот фил додадов и 100 мл. слатка павлака која ја соединив пред да го ставам путерот- да е повоздушест- вие како сакате.

Срекни празници!