Домашно Чоколадо со оризови снегулки
Состојки
- 200 гр чоколадо за готвење
- 200гр еурокрем
- 2 големи лажици масло за јадење
- 50 гр оризови снегулки
Подготовка
Ако сакате чоколадо со оризови снегулки, најдобро е сами да го направите и така да бидете сигурни дека ќе уживате во десерт од проверени состојки по ваш избор.
1. Се топат на пареа чоколадото, еурокремот и маслото. Откако ќе се растопат потполно, тргаме настрана и ги додаваме оризовите снегулки.
2. Мешаме убаво да се хомогенизираат состојките. Смесата истурете ја во калапи по желба, или во некој соодветен сад обложен со фолија. Сечете на парчиња откако ќе се стегне.
Забелешка - доколку сакате може да употребите хартиени корпици и да ставате од смесата директно во нив или да употребите некои модли.
Чоколадо може да употребите само за готвење (повалитетно) или комбинација од 100 гр чоколадо за готвење и 100 гр млечно чоколадо- по желба.