Лешник бомбици
Состојки
- Состојки
- 150 гр лешник наполитанки
- 50 гр мелени лешници
- 100 гр бисквити
- 100 гр чоколада за готвење
- 125 гр путер
- За валкање на бомбиците
- 50 гр лешници
Подготовка
Бомбици со лешници кои ќе ги приготвите за кратко време.
1.Прво ги мелеме наполитанките, лешниците и бисквитите. Ги ставаме во еден сад.
2.На пареа ја топиме чоколадата заедно со путерот. Со ова ги полеваме сувите состојки. Од смесата правиме бомбици .
3.Остатокот од лешниците ги сецкаме и со нив ги валкаме бомбиците.