Мајонезна салата (празнична декорација)
Состојки
- 250 гр ракчиња
- 2 големи компири
- 1 кромид
- 300 гр мајонез
- 2 јајца
- 100 гр кашкавал
- 3 свежи пиперки (бамбарки во жолта,црвена и зелена боја)
- 1 китка свеж копар
- 2 гранчиња магдонос
Подготовка
1. Ракчињата запржете ги,па кога ќе ја добијат саканата боја тргнете ги од оган. Откако ќе истинат исечете ги на коцки. Можете да користите готово приготвени ракчиња. Ги има во пакувања со посакуваната грамажа.
2. Кромидот исечете го на коцки .Се нека биде некаде иста големина. Вареното јајце, кашкавалот и пиперките во разни бои исто така иселчкајте ги на коцки. Промешајте заедно се и додајте им рендан компир.
3. Зачинете со сол и црн бибер, а потоа додадете мајонез за салати. По желба, компирот можете да го замените со ориз.
4. Во садот каде ќе ја формирате елката постелете лисја од копар и магдонос. Наредете ја салатата во вид на елка па обложете ја со листови од копар од доле наголе. Пресечете ситни коцки од пиперките и ставете како лампиони.Нека има црвени,жолти,зелени. За крај ставете го врвот на елката со парче од кашкавал кое претходно го обликувавте во вид на ѕвезда.
Уживајте во празничните денови.
На здравје.