Испечати

Коктел кифлички во вазна од тесто

Коктел кифлички во вазна од тесто

Состојки

  • 400 мл масло
  • 600 мл млака вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 4 јајца
  • 60 гр квасец
  • 1 500 гр брашно

Подготовка

1. Се става квасецот со малку вода ,шеќер и брашно и се остава да се активира. Потоа се замесува глатко тесто кое се остава да одмори 30 минути.
2. Се зема едно мало стаклено тегличе(од сенф) и се обвиткува околу него со тесто(направено како сукалче).
3. Од тестото се прават форми по ваша желба и се оставаат да надојдат.Се премачкуваат со јајце и оросуваат со сусам ,афион... Се печи на 200С-25мин. теглото завиткано со тесто се печи заедно со кифлите.
4. Кога ке бидат кифлите готови се боцкаат на стапчето и се стават во тестото со теглата. На здравје!!!