Ружички со урда(од готови кори)
Состојки
- 500 гр кори
- 500 гр урда
- Течна смеса
- 3 јајца
- пола пециво
- 100 мл јогурт
- 70 мл кисела вода
- 50 мл зејтин
- за одозгора-малку сусам
Подготовка
Сочни ружички, многу вкусни и брзи за правење, идеални за некоја убава прослава.
Подготовката е на следниот начин
1. Најпрво ја припремаме смесата за премачкување со соединување на наведените состојки.
2. Потоа корите ги делиме на два дела(јас имав вкупно 16 кори, ги поделив на 2 места по 8 кори) за два ролата... И урдата ја делиме на два дела.
3. Постапката на формирање на ролатот е следна - земаме една кора, ставаме насекаде од урдата, ја земаме втората кора, пак ставаме насекаде од урдата...и се така до последната 8-ма кора. Завиткуваме ролат (од пошироката страна) кој го сечеме на парчиња со дебелина од 2 прсти. Добиените парчиња ги редиме во тава за печење. Постапката се повторува и со другата половина од корите.
4. Врз секоја наредена ружичка ставаме од течната смеса околу 1 или 2 големи лажици. Ги превртуваме од другата страна и пак ставаме од смесата. Наросуваме сусам. Печеме во загреана рерна на 220 степени, додека да заруменат.
Забелешка - Понекогаш ги правам со пица-фил - превкусни се и така.
На здравје!