Посен колач со кока кола
Состојки
- 7 мали шолји брашно
- 2 мали шолји гриз
- 4 мали шолји шеќер
- 2 мали шолји мармалад
- 3 мали шолји кисела вода
- 2 мали шолји масло
- 1 пециво
- 1 ванила
- 1 лажица сода
- Фил
- 300 мл кока кола
- 200 гр посна мелена плазма
- 300 гр мелен орев
- 250 гр маргарин
- 250 гр шеќер во прав
- 100 гр посна чоколада за прелив
- Шеќерен прелив за тестото
- 1 мала шолја вода
- 3 лажици шеќер
Подготовка
Го сликав последното парче за време на постите и сите го бендисаа колачот.
1. Сите состојки се мешаат со лажица во еднолична смеса. Се става тестото во подмачкана голема тава/плех од рерна и се пече на 200С-35мин.
2. Кога ке олади тестото се прелива со шеќерната вода(во чаша се става водата и во неа шеќерот убаво се меша со лажица).
3. За филот, маргаринот се мати со шеќерот и во него се додава плазмата, оревите и кока колата. Убаво се миксира и се истура врз тестото. Одозгора се прелива со глазура од посна чоколада.