Празнично Бастумче (со фил од јаболка)
Состојки
- 500 гр готово лиснато тесто
- 500 гр Јаболка
- 1 пакување ванилин шеќер
- по вкус Цимет
- по потреба шеќер
- За наросување - шеќер во прав
Подготовка
Брзо, вкусно, декоративно лиснато бастумче полнето со пропржени јаболка. Подготовката е брза и едноставна
1. Најпрво ги лупиме, рендаме и пржиме јаболката до испарување на течноста која ќе ја испуштат. Додаваме ванила, цимет и шеќер по вкус. Оставаме да се оладат пржените јаболка.
2. Потоа го расукуваме лиснатото тесто на набрашнета работна маса, набрашнуваме и врз лиснатото тесто. Го засекуваме тестото од страните на повеќе ленти, во средината го ставаме филот од јаболка, потоа плетеме плетенка.
3. Оформуваме бастумче и го префрламе во тава за печење... Печеме во загреана рерна на 200 степени до заруменување.
4. Нека излади, па посипете со шеќер во прав (јас додадов и шарени мрвици)
Уживајте!