Испечати

Кадаиф баклава(посно)

Кадаиф баклава(посно)

Состојки

  • 500 гр кори за баклава
  • 500 гр кадаиф
  • 250 гр ореви
  • 220-250 гр маргарин
  • Шербет
  • 1,2 кг шеќер
  • 4 чаши вода
  • 2-3 пакетчиња ванилин шеќер или 1 лимон

Подготовка

Во зависност од дебелината на корите може да користите по една или по две во ролна.
Јас користев по две, и помеѓу ги попрскував со стопениот маргарин, а горната со четка насекаде ја премачкував.

1. Откако ќе се премачкаат помеѓу корите, се става добар слој од кадаифот на почетокот на долгата страна, па врз него ситно сечкани или кршени ореви и потоа убаво се витка во цврста ролна.

2. Вака свитканата баклава се реди во намрсен плех (мал од шпоретот), се премачкува обилно одозгора со стопениот маргарин и се пече во загреана рерна на 150С околу еден час.

3. Водата и шеќерот се ставаат да зовријат, се намалува температурата и се остава да вари десетина минути. Доколку сакате вкус на лимон во шербетот додадете го лимонот сечкан деодека врие, а доколку се одлучите со ванила, тогаш додадете ја кога ќе го тргнете тенџерето од ринглата.

Јас од брзање заборавив на додатоците. Но сепак и без овие ароми баклавата излезе многу вкусна и воопшто не ни фалеа.

Се посипува топол шербет на ладна баклава.
Одозора наросете мелен орев.
Оставете ја баклавата да одмори преку ноќ и да го впие шербетот, па може да се служи.