Чоколадни празнични шубари во кокос
Состојки
- Пандишпан
- 1,5 шолја јогурт
- 1,5 шолја брашно
- 1/2 шолја масло
- 1/2 шолја шеќер
- 2 лажици какао
- 1 рамна лажица сода бикарбона
- 1/2 лажиче зачин за медењаци
- Фил
- 300 мл млеко
- 100 г чоколадо за готвење
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици какао
- Глазура
- 100 г чоколадо
- кокос за валкање
Подготовка
Налик на руски капи, но немаат врска со нив. Рецептот сама си го измислив и адаптирав од чоколаден колач и баш се супер. Од оваа доза излегуваат околу 15 колачи.
Припрема
1. Сите состојки за пандишпанот се мешаат со жица за матење и смесата се истура во Делимано тавата број 26. Се пече на 200 степени 20 минути. После печење се лади убаво и се вади надвор. Се сечат кругови со помала чаша и се делат на 2 дела.
2. Се вари млекото со шеќерот во тенџере, се додава и какаото и чоколадото и се вари до соединување и растопување на чоколадото. Зачувајте од оваа течност настрана околу 150 мл, а во останатата течност ставете ги искршените делови пандишпан кои ви останаа. Измешајте убаво да се направи како фил. Ако е премногу сув филот, додадете малку млеко.
Од овој фил се става врз еден круг, па се става одозгора другиот круг. Се макнува колачето странично во какао течноста која претходно ја тргнавте настрана, па се валка во кокос.
Откако ќе ги завршите сите колачиња, растопете едно чоколадо и нанесете по 1 лажиче растопено чоколадо одозгора врз секое парче.
Чувајте ги во фрижидер.