Интегрални ѕвезди(грицки)
Состојки
- 100 гр интегрално брашно
- 50 гр овесни снегулки
- 50 гр лешници
- 2 лажици сусам
- 2 лажици ленено семе
- 2 лажици лупен непечен сончоглед
- 1/2 лажичка ким
- 50 мл маслиново масло
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка прашок за пециво
- 5 лажици кисела павлака
Подготовка
Интегрални грицки со разни семиња како идеја за збогатување на вашата трпеза. Добро се комбинираат со секакви салати и со секаков пијалок.
1. Овесните снегулки и лешниците ги блендираме кратко за да останат парчиња од лешниците(значи не мелени, туку на помали парчиња). Ова се меша заедно со интегралното брашно, се додаваат сусамот, ленот, сончогледот, кимот, солта и пецивото и мешаме со дрвена лажица.Кон ова ги додаваме јајцето, маслиновиот зејтин и киселата павлака. Мешаме пак со дрвена лажица, а потоа и со миксер(со перките за тесто).
2. Тестото веднаш се става на набрашнета површина, се прави кора со сукало со дебелина околу половина сантиметар и со помош на калап-ѕвезда се сечат форми и се редат на хартија за печење.Се печат на 180 степени околу 20 минути или кога ќе заруменат.