Руска (мајонезна) салата
Состојки
- 1 пакување (450гр) мешан зеленчук (морков, компир и грашок)
- 150 гр кашкавал
- 150 гр шунка
- 150 гр кисели краставички
- 3 јајца
- околу 300-400 гр мајонез
- по вкус сол
Подготовка
Незамисливо е да се организираат новогодишни забави, фамилијарни дружења, детски родендени без главната ѕвезда на масата- руската салата, која е неизбежен дел од трпезата.
Подготовката е на следниот начин:
1. Ја ставаме мешавината од зеленчуци за руска салата да се вари. Ги ставаме и јајцата да се варат, потоа ги рендаме. Кашкавалот, шунката и киселите краставички ги сецкаме на мали коцкички.
Сите спремни состојки ги соединуваме, посолуваме и додаваме мајонез. Промешуваме за убаво да се соединат состојките. Оставете ја салатата во фрижидер до послужување. Декорирајте по желба.
Забелешка - доколку немате готова мешавина од зеленчуци, тогаш можете да ги спремате посебно (2 компири, 200гр грашок и 150гр моркови ). Компирите и морковите претходно исецкајте ги на коцкички. Сите состојки ставете ги да се варат.
На здравје!